Регистрација на нов корисник

Регистрацијата започнува со клик на полето „Најава/Регистрација“ во горниот десен агол на екранот.

По отворање на ова поле, доколку сте веќе постоечки корисник, можете веднаш да се најавите со внесување на вашата е-маил адреса и лозинка. Доколку сте нов корисни, одберете го полето Креирај сметка“ кое се наоѓа под полето „Нов корисник?“ на долната страна на екранот.

Во полето Регистрирај се“ внесете ги Вашите податоци. Одбирањето на опцијата “Сакам да добивам новости од Смарт Ливинг на мојата е-маил адреса” не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник. Продолжете со одбирање на полето „Регистрирај се“, во долниот дел на екранот.

Откако ќе кликнете на полето „Продолжи“ процесот на регистрација е завршен

На Вашата емаил адреса која ја наведовте при процесот на регистрација ќе добиете потврда за успешно завршената регистрација.

Најава на постоечки корисник

За најава на постоечки корисник, ги внесувате електронската адреса и лозинката, кои ги наведовте при регистрација како нов корисник и потоа кликнете „Најави се“.